КОИ СМЕ НИЕ?

Нашата веб страница е: https://dentalshop.mk

Ви благодариме што ја посетивте нашата онлајн продавница. DENTALSHOP е членка на ЕДГ групацијата и е насочена кон менување на перспективите во стоматологијата и воведување на нови модерни концепти.

DENTALSHOP увезува; продава и сервисира врвна стоматолошка опрема од најреномирани светски производители и материјали исклучиво со висок квалитет.

Верзија бр. 01 од 2021 година

Надлежен орган: Управител на ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ увоз-извоз Струмица

  • Вовед

Правото на приватност и заштита на личните податоци на корисниците претставува темелна вредност на компанијата. Одредбите од Законот за заштита на личните податоци се соодветно применуваат при употреба на веб-страницата од страна на корисниците.

  • Извршно резиме

Компанијата ги имплементира сите стандарди и процедури за обработка и заштита на личните податоци на корисниците согласно Законот за заштита на лични податоци и останатите применливи правни прописи. Во политиката за приватност е опишан начинот на кој се врши обработка на личните податоци на корисниците, при нивната посета или регистрација на нашата веб страница.

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на АЗЛП сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

  • Собирање и обработка на лични податоци

Заради системска заштита, при посета на веб страницата, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на веб страницата. Во одредени случаи се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да се приспособи посетата на веб страницата според Вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот/корисникот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Вашите лични податоци се обработуваат само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на веб страницата заради користење на понудени производи и услуги (на пр. плаќање преку веб страницата, електронски нарачки, анкети, наградни игри) согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Напоменуваме дека при електронската наплата, податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ ниту ги собира, ниту има пристап до овие податоци.

  • Цел заради која се собираат личните податоци

Личните податоци и информации се собираат и обработуваат со цел овозможување на online услуги на ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ увоз-извоз Струмица и истите нема да се обработуваат за друга цел, освен за наведената. За секоја дополнителна обработка или собирање е потребна согласност од корисниците/посетителите.

  • Располагање со лични податоци

Вработените во компанијата, управителот и останати лица кои имаат овластен пристап до собраните лични податоци се квалификувани да обезбедат тајност и заштита на податоците при нивна обработка. Личните податоци нема да се пренесуваат на други физички или правни лица, органи на државната власт, освен во случаи утврдени со закон.

  • Права на корисниците

Доколку сте регистрирани на веб – страницата, врз основа на Ваше барање имате право:

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

 

  • Правна сигурност и заштита

Компанијата ги има имплементирано потребните технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработка на личните податоци со кои располага заради спречување на неовластен пристап, откривање без дозвола или било каква нивна злоупотреба.

Начин и место на чување на лични податоци – електронски.

  • Промени на политиката за приватност

Компанијата го задржува правото на измени и дополнувања на Политиката за приватност во секое време, а за секои измени и дополнувања корисниците и посетителите ќе бидат навремено информирани преку објава на веб страницата.

  • Валидност на политиката за приватност

Оваа политика на приватност стапува на сила на денот на нејзиното објавување на веб страницата.

Датум 08.01.2021 година

ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ увоз-извоз Струмица

ПРАВНА НАПОМЕНА

Веб – страницата www.dentalshop.mk е во сопственост на:

  • Назив: Друштвото за услуги и трговија ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица
  • Седиште: ул. Младинска бр.277 Струмица
  • Даночен бр.: MK4027018527936
  • Матичен бр.: 7254504
  • Жиро сметка: 300030000232398 Комерцијална Банка АД Скопје
  • Е-меил: info@dentalshop.mk

 

ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на оваа веб страница само за информативни цели.

ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица информира дека пребарувањето на  веб – страницата истовремено значи и прифаќање на следните правила и услови:

Веб – страницата, содржината или било кој дел од истата се заштитени со авторски права. Само компанијата има право да ги остваруваат правата кои произлегуваат од истите.

Содржината на веб – страницата треба да се толкува врз основа на објавените текстови, без промени. Не се исклучува можноста од промена на веб-страницата независно од волјата или надвор од контрола на ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, компанијата не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на веб-страницата.

Знаците, логоата и слоганите поставени на веб-страницата се заштитени трговски марки согласно законот за индустриска сопственост и компанијата е овластен носител и корисник на сите сопственички права кои произлегуваат од трговските марки.

Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на веб-страницата во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица. Сепак, како начин на слободно користење, компанијата ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие страници или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба.

ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица го задржува правото да ја менува или трансформира веб – страницата во било кое време. Исто така, ЕНДОМАК ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица може да го ограничи или да го прекине пристапот до веб – страницата. ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страниците. Компанијата категорично отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истата, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.

Дозволено е поставување на линк со веб – страницата со претходно одобрение од ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица. Ако се добие такво одобрение за поставување на линк, возможно е вградување на елементи од содржината на страницата во друга интернет страница (во форма на рамка или вграден линк).

ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на страницата на ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица.

Доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку веб страницата) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на ДЕНТАЛШОП ДООЕЛ Струмица.

Давање на согласност за познавањето на правилата и условите на веб страницата е предуслов за користење и употреба на индивидуалните услуги кои се нудат.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Регистрација и најава на клиент
Трансакциите на е-продавницата www.oralmed.mk се вршат преку регистрација и најава (логирање) на корисничка сметка (корисничко име и лозинка) на клиентите.
Обработката на дадените податоци се врши согласно Политиката за приватност и Политиката за заштита на лични податоци.
Клиентите – правни лица кои вршат медицинско стоматолошка дејност имаат опција да одберат соработка со е-продавницата по принцип на препорака и/или продавница како дополнителен начин на заработка при вршење на својата дејност. Условите и правилата се образложени при активација на корисничката сметка.

Начин на купување
Клиентот може да направи нарачка на производи директно на веб-страницата со додавање на посакуваните производи и количини во потрошувачката кошница и плаќање на вкупниот износ преку трансакција со валидна платежна картичка.
Доколку клиентот е правно лице или сака да изврши плаќање на производите преку правно лице, нарачката на производи се врши преку корисничката сметка, а продавачот веднаш по прием на куповниот налог креира про-фактура за нарачаните производи и му ја доставува на купувачот за плаќање.
Во случај кога плаќањето се врши со про-фактура, при достава на производите се доставува испратница и оригинален примерок од фактура заради сметководствена евиденција.
Доколку клиент има специфични барања при креирање на нарачка, должен е да го контактира продавачот преку е-меил или телефон.

Достава на купени производи
Доставата се врши преку овластена лиценцирана курирска служба во рок од 3 (три) работни дена од денот на плаќање на производите.
За нарачка на производи во износ до 3.000,00 денари трошоците за достава се на товар на купувачот и истите се определуваат согласно ценовникот на курирската служба.
За нарачка на производи во износ над 3.000,00 денари, трошоците за достава се на товар на продавачот.

Цена и начин на плаќање на производи
Цената на производите на е-продавницата е изразена во денарска вредност со пресметан ДДВ.
Продавачот го задржува правото да врши промена на цените на производите и да креира ценовна политика согласно пазарните околности.

Рекламација на производи
Доколку клиентот при или по прием на купените производи има приговор во однос на квалитетот т.е. квантитетот на производите, должен е веднаш, а најкасно во рок од 3 дена од прием на производите, да го извести продавачот преку е-меил за забелешките и рекламациите на производите.

Правна напомена:
Сите прашања кои не се регулирани со овие правила и услови, се уредуваат согласно Законот за облигациони односи.