Информации за регистрација
Кога првпат некој пристапува на страницата и влегува во категориите или почне да ги разгледува производите ќе забележи дека цените не му се достапни. За да можете да ги видите и да почнете со набавување, секој купувач ќе мора да се регистрира, а тоа го прави многу лесно, кликнувајќи на линкот – „регистрирај се“. Купувач на производите може да биде исклучиво регистрирана здравствена установа или лиценцирани стоматолози, забни техничари и сервисери. Ова е така направено за: прво, секој од фелата да биде заштитен во однос на тоа пациентите да не ја препознаваат цената на набавка и, второ, многу битна е заштита на податоците. Откако еднаш корисникот се регистрира, добива user име и password што ги користи при секое влегување во продавницата на dentalshop.mk. Регистрацијата е бесплатна и трае додека постои страницата.
Набавката на производите оди многу лесно т.е. со еден клик секој одбран производ се става во кошничка и при завршување со купувањето веднаш се влегува во системот на наплата. Овде, секој купувач сам го избира начинот на плаќање, односно дали ќе биде со профактура и плаќање по сметка или со платежна картичка. На регистрираната е- пошта веднаш се добива нотификација за тоа што купувачот одбрал и платил.
Достава на производите се врши наредниот работен ден, а трошокот за курирот се наплаќа согласно политиката на секој дистрибутер. Доколку се случи некој одбран производ моментално да не биде на лагер, т.е. дистрибутерот во тој момент да го нема производот, веднаш му се јавува на купувачот и лично се договараат за испораката на истиот. dentalshop.mk ќе регистрира исклучиво производи во продавницата кои секој дистрибутер ги троши во поголеми количества и со договор ќе ги обврзи дистрибутерите тоа што е регистрирано да се испорачува согласно нашата политика на испорака, која гласи: Нарачај, Плати, Добиј!
Информации за плаќањето
Плаќањето преку dentalshop.mk продавницата функционира на неколку начини:
– плаќање со платежна картичка (доколку немате платежна картичка следете го линкот на халк банка за апликација).
– плаќање по жиро сметка според нарачката (по завршувањето со купувањето на производите, на регистрираниот имејл, ви стига профактура за плаќање. По плаќањето на истата производите се испорачуваат).
– плаќање преку кредит (следете го линкот на јак и банка за апликација)
Информации за испорака
Испораката на производите ја врши dentalshop преку курир или карго пошта.
Испораката на поголема опрема е секогаш по договор со купувачот.
Што ако купувачот не го превземе пакетот?
Доколку не сте достапни на напишаната адреса за достава, поштата или курирот го враќаат пакетот со производи кај нас. Со претходна телефонска проверка на нарачката се намалува ризикот за враќање на производите.
Гаранција на производите
Сите производи имаат фабричка гаранција која е наведена со лепенка или печат на кутијата од производот. dentalshop.mk гарантира дека не продава производи со поминат рок.
Со купување на опрема на купувачот му се издава писмена фабричка гаранција во која се наведени сите услови за важност на гаранција.
Сервис и резервни делови
dentalshop.mk има свои обучени технички лица за сервисирање на целокупната опрема која се продава во продавницата. dentalshop.mk обезбедува резервни делови меѓутоа доколку се работи за замена на некој специфичен дел на апаратот во тој случај се веднаш и по договор се порачува во фабриката, се заменува од страна на нашиот сервис и/или се испорачува кај купувачот.
Секое неовластено сервисирање на апаратите кои се продаваат во продавницата на dentalshop.mk од неовластен сервисер на dentalshop.mk не се уважува, а доколку апаратот е под гаранција истата се укинува.